Типови

Анализа на мечеви за ЕХФ квалификации за Европско Првенство 04-05/11/20

Португалија – Израел

Репрезентацијата на Израел моментално е надвор од форма. Локалната лига, која и онака не е меѓу најдобрите во Европа и во најдобар случај се смета за полу-професионална, нема натпревари уште од март и сезоната уште не е започната. Играчите се во лоша форма и физичка подготвеност. Израелската репрезентација побара одложување на овој дуел, но ЕХФ не го прифати барањето. Играчите почнаа со тренинзи пред 10 дена (по 8 месечна пауза) а националниот тим е составен од 8 играчи од локалната лига, и 8 играчи кои играат во европски клубови. Голманот Тепер, кој е од исклучителна важност за израелците, не доби дозвола од неговиот француски клуб да се приклучи на тимот. Голманската позиција Израел ќе ја покрива со играчи од домашното првенство.

Португалија е подобра од Израел во сите елементи од ракометната игра. Националниот тим го сочинуваат 11 играчи од Порто (тим што игра во Лигата на Шампиони) и добро се познаваат меѓу себе. Физички и кондиционо се надмоќни над Израел. Во нивниот последен дуел Португалија го победи Израел на гостински терен со 36:21, а на последниот Европски шампионат завршија на 6-то место. Прогноза: Победа на Португалија со повеќе од девет гола разлика.

Германија – Босна и Херцеговина

Откако Германската Ракометна Федерација одби да го одложи натпреварот закажан за четврток, националниот тим на Босна и Херцеговина заминува за Германија со само 11 играчи во составот. ЕХФ го потврди терминот на одигрување и покрај огромните проблеми со Ковид-19 и повреди кај гостинскиот тим. Имаат само еден голман Бенјамин Буриќ. Германија игра 100% на секој натпревар и се чини дека лесно ќе го скршат противникот. Прогноза: Победа на Германија со повеќе од десет гола разлика.

Црна Гора – Косово

Националната селекција на Црна Гора вечерва во Подгорица ќе се соочи со Косово во првиот меч од квалификациите за Европско Првенство во 2022. Голманите Миле Мијушковиќ и Данило Михаљевиќ, како и бековите Милош Божовиќ и Бранко Вујовиќ ќе го пропуштат стартот на квалификациите зошто има позитивни играчи на Ковид-19 во клубовите во кои играат поради што се во задолжителен карантин. Тренерот Зоран Рогановиќ не ќе може да смета ниту на пивотменот Небојша Симовиќ и бековите Божо Анџелиќ и Игор Радивојевиќ поради тоа што не добија дозвола од клубовите да се приклучат на националниот тим. Црногорскиот национален тим треба да игра против Романија во недела. Ако се земе во предвид сето она наведено погоре се чини дека црногорците ќе сакаат рутински да си ја завршат работата со класи послабиот противник (Косово) и немаат да притискаат премногу, штедејќи сили за Романија. Прогноза: Победа на Црна Гора со 5-6 голови разлика.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПОПУЛАРНИ

To Top