Фудбал

Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за последниите два квалификациони меча

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци кои ќе се соочаат со своите врсници од Црна Гора и Израел.

Прво се игра против Израел на гости на 12-ти ноември.

Мечот против Црна Гора е закажан на 17-ти ноември на „Петар Милошевски“ трениг центарот во Скопје.

Сметам дека е многу важно да ги заокружиме овие квалификации со натпревари во кои ќе прикажеме добра игра и секако ќе бараме победа. Во двата претходни меча игравме без тројца стандардни фудбалери од првиот состав, Ристовски, Серафимов и Фазлагиќ, а против Израел бевме и без Руфати. За дуелите кои следуваат повторно не можеме да сметаме на Ристовски и Фазлагиќ, но се враќаат Серафимов и Руфати. Впечатокот е дека направивме одлична селекција, играме квалитетен циклус, се надевам дека во таа насока и ќе завршиме, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа на крај. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за А репрезентацијата, а тоа значи дека сме направиле добра работа, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПОПУЛАРНИ

To Top