Распоред на Натпревари:
Прво се игра против Израел на гости на 12-ти ноември.
Мечот против Црна Гора е закажан на 17-ти ноември на „Петар Милошевски“ трениг центарот во Скопје.
Сметам дека е многу важно да ги заокружиме овие квалификации со натпревари во кои ќе прикажеме добра игра и секако ќе бараме победа. Во двата претходни меча игравме без тројца стандардни фудбалери од првиот состав, Ристовски, Серафимов и Фазлагиќ, а против Израел бевме и без Руфати. За дуелите кои следуваат повторно не можеме да сметаме на Ристовски и Фазлагиќ, но се враќаат Серафимов и Руфати. Впечатокот е дека направивме одлична селекција, играме квалитетен циклус, се надевам дека во таа насока и ќе завршиме, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа на крај. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за А репрезентацијата, а тоа значи дека сме направиле добра работа, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.
]]>Тој се врати на тренажен процес пред околу недела дена и откако мечот во Лига Европа го преседа на клупата за резерви, ова е прв официјален меч за него откако беше установено дека е носител на вирусот.
]]>]]>